Француската лига не престанува да изненадува. Публиката во арената Карпентиер останаа во шок од шоуто на гостинскиот тренер. На дерби натпреварот меѓу Нант и ПСЖ, тренерот на Нант, Тиери Анти ги соблече панталоните како реакција на одлуката на судискиот пар Бонавентура да го казни Хорхе Македа со директен црвен картон, за фаул кој го направи врз Самуел Хонрубија. Иако ваквиот потег на тренерот не беше казнет од сестрите Бонавентура, сепак Анти се соочува со казна од дури 12 натпревари суспензија доколку француската ракометна федерација одлучи дека потегот на тренерот е непримерен.

На прес конференцијата по натпреварот Анти истакна дека само се обидувал да ја намести кошулата во панталоните. Каков ќе биде конечниот став на француската дисциплинска комисија ќе дознаеме наредната недела. Доколку му се изрече суспензија,тоа ќе биде прва од ваков тип во историјата на најсилната француска Прва Дивизија.