После вчерашното завршување на задачата на четири репрезентации денеска се очекува да бидат одиграни уште пет меча и да бидат познати уште пет патници на шампионатот во јануари.
Централното место на овие дуели нема да биде мечот во Клуж, кој е максимално важен за нас туку средбата која се игра во Веспрем каде репрезентацијата на Унгарија се очекува да влезе во уште една голема битка со состаот на Словенија.
Иако Унгарците се во предност, сепак, јасно е дека ништо не е завршено и дека вечерва ќе има ново надмудрување меѓу Љубомир Врањеш и Веселин Вујовиќ.
БАРАЖ ЗА СП 2019
РУСИЈА (26) – (27) Чешка 29:21
Швајцарија (26) – (32) НОРВЕШКА 33:30
СРЕДА, 13 ЈУНИ
17:30ч
РОМАНИЈА (24) – (32) МАКЕДОНИЈА
19:00ч
УНГАРИЈА (29) – (24) СЛОВЕНИЈА
19:15ч
ШВЕДСКА (24) – (25) ХОЛАНДИЈА
20:15ч
АВСТРИЈА (28) – (28) БЕЛОРУСИЈА
22:00ч
ИСЛАНД (27) – (27) ЛИТВАНИЈА
ЧЕТВРТОК, 14 ЈУНИ
20:00ч
ЦРНА ГОРА (19) – (32) ХРВАТСКА
22:00ч
ПОРТУГАЛИЈА (21) – (28) СРБИЈА


