По вчерашната победа во СЕХА лигата, пред ракометарите на Вардар стои нов предизвик. Во рамките на 8-то коло од СЕХА лигата, Вардар е домаќин на третопласираната екипа на табелата, словачкиот шампион Татран Прешов. По тој повод Раул Гонзалес и Филип Лазаров со претпазливост гледаат на овој натпревар.

Раул Гонзалес, тренер на РК Вардар:
Утре играме против Прешов, трет натпревар оваа недела. Треба да играме концентрирано бидејќи заморот сигурно ќе биде присутен. Татран е добра екипа, играат цврста одбрана и имаат добри шутери, мора да направиме се за да ги земеме трите бода и да се задржиме на врвот на табелата. Попладне имаме тренинг и тогаш ќе знаеме каков ќе биде составот доколу некој играч има болки или повреди по натпреварот со Раднички.
Филип Лазаров, ракометар на РК Вардар:
Татран е далеку поозбилен противник од Раднички, претендент за Фајнл Фор турнирот во СЕХА, треба да се сконцентрираме за да победиме и успешно да го заокружиме почетниот прв циклус натпревари во кои освен поразот од Веспрем имаме постигнато добри резултати и позитивно да заминеме на паузата.
Натпреварот се игра утре (петок) 24.10 во СЦ Јане Сандански со почеток во 20:15.