Колев и Ница блиску до Мец и Брест

Тимот на Ница предводен од македонскиот тренер Марјан Колев, на 5 кола до крајот на регуларниот дел од францускиот шампионат, го обезбеди пласманот во разигрувањето за титулата.

Иако не играа носителите на играта, Кармен Мартин и Линеа Торстенстон, Ница забележа победа на гости кај Флери Луар со 24:25, а најефикасна беше Абделмалек со 10 погодоци. Мец е прв со 54 бодови, Брест има 45, а Ница 41, додека зад нив се Иси Париз и амбициозниот Нант.