Тимот на Стразбур, каде настапува македонската репрезентативка Ивана Гакидова, забележа победа во 12 коло од француската Трета лига. Стразбург славеше дома против Безансон со 33:29 и се доближи на 6 бодови од лидерот Пужин.
Гакидова беше одлична на овој натпревар и со 4 постигнати голови беше втор стрелец во нејзиниот тим, а заработи и жолт картон. Стразбур следното коло игра на гостински терен кај Серкл Дижон.
Фото: PriviLens / Claude Schomer


