Мец останува без најдобрата ракометарка

Ана Грос во следните две години ќе биде ракометарка на Брест Бретањ. 27-годишната словенечка репрезентативка во последните три сезони игра за Мец и секогаш е меѓу најдобрите стрелци и во француската лига и во Лигата на шампионите.

Десниот бек е второто засилување за Брест за следната сезона по Паулета Попа од Флери Луар, а голманката Клепатра Дарле и поранешната вардарка Алисон Пино ги продолжија договорите со вториот француски претставник во Лигата на шампионите.

Грос потекнува од Олимпија Љубљана, потоа по две сезони беше дел од словенечкиот Крим, унгарскиот Ѓер, германскиот Турингер, пред да се пресели во Франција, во дресот на Мец.