Откако го одигра последниот натпревар за оваа година во дресот на Вардар, против Горење во СЕХА Лигата, бразилскиот репрезентативец Рожерио Мораес Фереира замина на мини одмор во својата татковина.
Тој мораше да смени дури четири лета, од Љубљана патуваше до Цирих, од Цирих до Лисабон, од Лисабон до главниот град на Бразил и на крај до неговиот роден град Абаететуба. Иако практично изгуби цел ден по авиони и аеродроми, сепак вредеше. Ладното и врнежливо време во Македонија и ниските температури, кои се спуштаа ноќта и до -5, ги замени со бразилското сонце…





