Шампионска доминација во Лајпциг: Норвешката машинерија ја разнесе Шпанија

Во интересен меч во кој имаше неизвесност во текот на првото полувреме се виде кој е кој во женскиот ракомет и понатаму откако Норвешка имаше пеколен финиш и буквално ја прегази Шпанија во завршницата и ја совлада со 31:23.

Норвешка продолжува да биде без вистинска конкуренција во женскиот ракомет иако во групната фаза не одигра на потребното ниво. Ракометарките од Норвешка заиграа одлично против Шпанија кога беше најпотребно, а функционираа сите редови и немаше никаков проблем да се забележи победа.

На средина на второто полувреме стана јасно дека Шпанија нема да може да го издржи силниот ритам. Разликата постојано се зголемуваше, а тоа носеше мирна завршница во која селекцијата на Норвешка стигна и до девет погодоци позитива, кои беа најголеми на овој меч.

Шпанките очекуваа многу повеќе и се надеваа дека ќе најдат против игра, но не можеа да го копираат стилот на Швеѓанките кои успеаја да ги надиграат колешките од Норвешка во групната фаза. Токму поради тоа оваа победа на Норвешка беше уште позначајна, па ќе има што да се види во четврт-финалето во кое ќе се судрат со Русија.

Инаку, на теренот сите го покажаа максимумот, а голманките на Норвешка само помогнаа во оваа голема победа. Сепак, наградата за најдобра на теренот заврши кај Нора Мерк.

Норвешка е селекцијата која ја брани титулата од 2015 година, а денешната пресметка беше доказ дека ракометарките се подготвени за уште еден турнир со завршница на високо ниво. Тоа го докажаа буквално сите ракометарки кои беа на терен.

ШПАНИЈА – НОРВЕШКА             23:31 (10:13)

ШПАНИЈА: Наваро (2 одб.), Зокби де Паула (3 одб.), Мартин Беренгер 6/10, Нуњез Нистал 1/1, Ардериус 1/1, Чавез 2/2, Гутиерез 0/1, Ечеверија, Гарсија, Гонзалес 0/2, Пена 2/9, Л. Г. Ортега 1/1, М. Г. Алверез 1/1, Родригез 3/4, Мусонс 1/4, Кабрал 5/8.

Седмерци: 3/3, Исклучувања: 8 мин.

НОРВЕШКА: Лунде (12 одб.), Гримзбо (2 одб.), Арнцен 2/3, Кристијансен 4/6, Локе 1/1, Скогранд ½, Ингштад, Мерк 11/12, Офтедал 6/8, Братсет, Фауске, Христенсен, Куртовиќ 2/2, Херем ¾, Солберг 1/2, Јакобсен.

Седмерци: 7/8, Исклучувања: 10 имн.