После 14 години играње за националниот тим, 222 средби и еден погодок, голманката на селекцијата на Германија, Клара Волтеринг одлучи да стави крај на својата репрезентативна кариера.
Поразот од Данска во осминафиналето ја прели чашата, па таа одлучи да стави крај на игрите во репрезентацијата што значи дека го отстапува своето место на помладите, а Германија има доста добри голмани кои ќе ја заминат Волтеринг.
Ова е втора најава за повлекување од репрезентација откако вчера и Анита Горбиц најави завршување на репрезентативната кариера.
Инаку, покрај Волтеринг од составот на Германија најверојатно ќе се повлече и Надја Мансон. Таа има 29 години, но планира да заврши со настапите во селекцијата на Германките.


