Селекцијата на Германија остана без место во четврт-финалето откако денеска налета на расположената репрезентација на Данска и претрпе пораз од 17:21.
Голманката на Данска, Сандра Тофт имаше одличен ден и успеа да запре многу топки на противничките ракометарки, а со ова се виде дека Германија немаше репрезентација која може да дојде до самата завршница и да се бори за медал. Сосема оправдано на крајот беше и ракометарка на мечот.
Данска водеше во текот на целата средба и постојано беше во предност. Во ниту еден момент не беше доведена во прашање победата така што на Германките им остана само да се обидат да го ублажат поразот.
Ова беше резултат кој е награда за одличните игри во текот на целото првенство. Германките кои беа во криза за време на целиот шампионат успеаја уште еднаш да одиграат меч со малку голови, но не и да се изборат за успех и за пласман понатаму.
ГЕРМАНИЈА – ДАНСКА 17:21 (7:11)
ГЕРМАНИЈА: Волеринг (11 одб.), Екерле, Крамарчик, Клајн 0/1, Каролиус 1/4, Лорпер 2/6, Смит 6/8, Бенке 0/1, Белк 0/1, Мансон 0/1, Хубер 1/4, Фишер 0/1, Гешке 2/3, Волболд, Штоле, Губернатис 5/8.
Седмерци: 1/4, Исклучувања: 6 мин.
ДАНСКА: Тофт (14 одб., 3 сед.), Рајнхарт, Иверсен 2/2, Фискер, Волер 2/3, Хандал 3/4, Боме, Григел 1/4, Нилсен, Транборг 5/6, Л. Јоргенсен 0/2, К. Јоргенсен 0/2, Јенсен 3/3, Бургард, С. Јоргенсен 5/11, Хаугстед 0/1.
Седмерци: 3/4, Исклучувања: 14 мин.


