Откако во последното коло од групната фаза Швеѓанките ја надиграа селекцијата на Норвешка, во осминафиналето едноставно го збришаа составот на Словенија и без проблеми се изборија за триумф со кој се најдоа во четврт-финалето на Мундијалот.
Конечните 33:21 можеа да бидат и повисоки доколку ракометарките од Шведска не се опуштеа после правењето на разлика од 11 гола, 26:15. Тука попуштија во темпото, па Словенките намалија, но не издржаа многу во тоа темпо.
Шведска рано ја обезбеди победата и на тој начин не дозволи да има проблеми околу патот во следната рунда. Уште во 20. минута стана јасно дека Швеѓанките ќе триумфираат бидејќи поведоа со 12:6, па во продолжение само засилуваа и ја зголемуваа предноста што на крајот резултираше со заслужена победа.
Едноставно денеска оваа селекција беше далеку подобра на теренот, па Словенија мораше да го призна е поразот така што не успеа да го оствари посакуваното и ќе мора да се задоволи со пласман од 9 до 16 место.
ШВЕДСКА – СЛОВЕНИЈА 33:21 (18:12)
ШВЕДСКА: Бундсен (18 одб., 1 сед.), Иден, Тофт 4/7, Мелегард 2/4, Екенман-Фернис 0/1, Стромберг 1/1, Робертс 3/6, Санд 1/2, Густин 1/1, Вестберг 8/10, Лагерквист 3/3, Гулден 3/5, Бломстранд 2/3, Хагман 5/6, Јакобсен, Алм.
Седмерци: 2/2, Исклучување: 6 мин.
СЛОВЕНИЈА: Панџиќ (8 одб.), Војновиќ (1 одб.),Ферфоља 1/1, Рудман 1/1, Грос 4/11, Забјек 0/1, Станко 0/10, Абина 1/2, Зулич 0/3, Ирман 2/4, Корен 8/13, Вучко, Врчек 1/1, Војновиќ, Крхликар 1/1, Бегановиќ 0/1, Амон 2/4.
Седмерци: 1/3, Исклучувања: 8 мин.


