Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Ристо Магдинчев го објави поширокиот список на ракометарки за двомечот против Италија во квалификациите за СП следната година. Списокот е составен од ракометарки на ЖРК Металург, ЖРК Вардар и неколку ракометарки кои играат во странство. Селекцијата на Македонија е во група со Италија и Исланд, а само првопласираната екипа ќе продолжи во бараж натпреварите. На 9 октомври во Скопје гостува Италија, реванш натпреварот ќе се одигра три дена подоцна на гостински терен. Натпреварот против Исланд на гостински терен во Рејкјавик е на 3 декември, додека реванш средбата со Исланд во Скопје е закажана на 6 декември.
Список на ракометарки
Голмани :
Наташа Антиќ – ЖРК Металург
Зафирова Ивана – Кастриоти ( Косово)
Петковска Драгана – ЖРК Вардар СЦБТ
Дурланова Сандра – ЖРК Металург
Крила :
Митрова Драгица – ЖРК Металург
Саздовска Јована – ЖРК Металург
Николовска Симона – ЖРК Металург
Ристовска Сара – ЖРК Металург
Бекови :
Ливриниќ Елена – ЖРК Металург
Јовановска Дајана – ЖРК Металург
Керамитчиева Теодора – ЖРК Вардар 2
Саздовски Ивана – Кобленц ( Германија)
Белевска Андреа – ЖРК Металург
Величковска Габриела – ЖРК Металург
Ѓоргиевска Душица – Муратпаша ( Турција)
Митова Сара – ЖРК Вардар СЦБТ
Ивановска Маја – ЖРК Металург
Стојановска Симона – ЖРК Вардар СЦБТ
Тодоровска Ангела – ЖРК Вардар 2
Десподовска Зорица – Муратпаша ( Турција )
Штериова Марија – Вац ( Унгарија)
Белма Беба – Јоми Салерно ( Италија)
Ѓоргиевска Елена – Баја Маре ( Романија)
Пикери:
Мечевска Робертина – Анкара ( Турција)
Илкова Ленче – Јенимахал ( Турција)
Николиќ Марија – ЖРК Металург
Гакидова Ивана – ЖРК Вардар 2


