ЖРК Металург со победа ја започна натпреварувачката сезона. Екипата од Автокоманда многу лесно дојде до три бодови на гостувањето во СРЦ Кале. Иако натпреварот се најавуваше како дерби пресметка ракометарките на Металург триумфираа со 14 : 20 ( 4 : 8) и нивното водство во ниеден момент не беше доведено до прашање.
Најефикасна ракометарка во редовите на ЖРК Металург беше Сара Ристовска со шест погодоци. Во составот на ЖРК Вардар со десет погодоци се истакна Теодора Керамитчиева. Црногорката Итана Грбиќ беше целосно сопрена и таа само на два пати се запиша во листата на стрелците.


