Голманот од Србија, Славиша Ѓукановиќ, кој доживеа срцев удар за време на тренинг на својот тим Аикс во Франција и понатамуе во критична состојба, а докторите се борат за неговиот живот. Од сите страни пристигнува поддршка, а голема улога во спасувањето имал клупскиот доктор кој бил на теренот во моментите кога му се слошило.
„На тренинг за неговиот тим му се слошило и само паднал на подот. Цела среќа е што клупскиот доктор бил тука и тој цело време го одржувал во живот до доаѓањето на брзата помош. Навистина страшно! Се работи за вистински спортист. Тој никога не пиеше, ниту пушеше“, изјави претседателот на Ракометната федерација на Србија, Божидар Ѓурковиќ.
Се работи за искусен голман кој има 38 години и кој имаше одлични одбрани во текот на својата кариера, а дел од нив можете да погледнете во видеото.
https://www.youtube.com/watch?v=ssEv3f1cQYE


