Вардар со победа се загрева за Целје

Во последниот натпревар од третото коло во СЕХА лигата, македонскиот вице-првак Вардар го совлада хрватскиот вице-првак Нексе со резултат 32-21.
Душебаев го отвори резултатот, но Мрѓеновиќ израмни. Седум минути му требаа на Вардар да го разбие отпорот на гостите. Со серија од 3-0, „црвено-црните“ ја превземаа контролата врз играта во свои раце за 5-2. До крајот на полувремето разликата само се зголемуваше и покрај бројните измени кои тренерот Гонзалес ги внесуваше во играта. На крајот на првите триесет минути резлутатот беше 14-11.
Вториот дел само ја потврди разликата во квалитет, точка на натпреварот стави Марковиќ во последната секунда од натпреварот за конечни 32-21.
Сергеј Горбок со пет погодоци беше најпрецизен во составот на „вардарци“, по него Душебаев, Марковиќ и Шишкарев постигнаа по 4. Кај противничкиот табор најдобри беа Етер и Херцег со по шест постигнати погодоци.