Тимот на Темишвар, каде што настапува македонскиот репрезентативец Златко Даскаловски, имаше одлично издание и забележа изненадувачка победа на гостувањето во Букурешт, кај романскиот шампион Динамо со 23:26.
Македонскиот голман имаше значајна улога во триумфот над претставникот во Лигата на шампионите и забележа 10 одбрани. Со овие победи, Темишвар сега е на 3 место на табелата, зад ривалите од главниот град, Стеауа и Динамо.


