На тимот на ЧСМ Букурешт не му цветаат рози ниту во домашниот шампионат, ниту во европските купови. По серијата порази во Романија, како и во ЕХФ Купот, шпанскиот тренер Кампос доби отказ, но ЧСМ по промената почна да игра одлично.
Доказ за тоа е убедливата победа над Динамо Букурешт, кој игра во Лигата на шампионите. ЧСМ во градското дерби славеше со 33:20, а една од најголемите заслуги за тоа има македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски, кој немаше промашување и беше најдобар стрелец со 6 голови.


