Раул Гонзалес: Битен натпревар пред стартот на Лига на шампиони

Вардар во пресрет на натпреварот од СЕХА лигата против Нексе, одржа прес конференција на која беше потенцирано дека без максимално заложба нема добри резултати, затоа секој натпревар треба да се одигра квалитетно.

Раул Гонзалес, тренер на екипата на Вардар:

Сакаме да одиграме добар меч бидејќи ова е последен меч пред стартот на Лигата на шампиони. Играме дома и наша желба е да одиграме добар натпревар. Нехе е добар тим со добра одбрана, квалитетни бекови, млади и талентирани ракометари. Тие особено игра добро во првите 15 минути, очекуваме добар натпревар утре.

Филип Лазаров, ракометар на екипата на Вардар:

Не очекува уште еден натпревар со екипата на Нехе кој е секогаш на чекор до „Фајнл Фор“ турнирот во СЕХА, но малку им недостасува. Ја започнаа сезоната лошо со неколку пораза, но од тоа што го прикажаа во последните две сезони од СЕХА ќе се вложиме максимално и сериозно ќе пристапиме на натпреварот.
Натпреварот е на програмата во недела од 20:15 со директен пренос на МРТ.