Хрватскиот вицешампион, РК Подравка Вегета во првото коло имаше лесна задача, која ја потврди со висока победа. На домашен терен ја совлада убедливо Далматинка и ги запиша првите бодови во новата сезона. Натпреварот заврши со високи 39 : 18 ( 17 – 10) за екипата од Копривница. Најефикасна во редовите на Подравка беше Кристина Елез со шест голови, кај Далматинка Андреа Клариќ со осум голови ја предводеше листата на стрелците. Во среда ( 17. 09.2014) тимот на Подравка гостува во Самобор, а потоа заминува во Крагуевац поради квалификацискиот турнир во Лига на шампионите.
Подравка во квалификациската група 2 за противник го има норвешкиот вицешампион, Бјасен.
Прво коло – резултати
Локомотива Загреб – Самобор 39 : 24 ( 17 – 10)
Трешњевка – Сплит 31 : 23 ( 16 – 10)
Осијек – ЖРК Бјеловар 37 : 25 ( 18 – 16)
Умаг – Агропротеинка 15 : 28 ( 6 – 15)
Желина – Замет 22 : 26 ( 9 – 13)
Подравка Вегета – Далматинка 39 : 18 ( 17 – 10)


