Во овие моменти младинската машка ракометна репрезентација на Македонија го игра четвртфиналниот натпревар против Франција на Мундијалот во Алжир. Избраниците на Илија Темелковски по првиот дел имаат негатива од 5 голови.
„Триколорите“ направија предност од 3 голови во 10 минута, 6:3, но брзо се вративме на 6:6. Сепак техничките грешки во нападот и дадоа можност на Франција да се одлепи 11:7, па на 12:8. Иако Томовски одбрани неколку зицери повторно грешевме во напад и Французите заминаа со предност од 13:8 на пауза.
https://www.youtube.com/watch?v=ksBjs00T6qA


