По историскиот успех и победата над Алжир, македонските мадинци немаат многу време за славење и одмор, бидејќи веднаш ги чека нова пресметка, која може да донесе уште поголем успех. Противник на избраниците на Илија Темелковски ќе биде селекцијата на Франција, која нема се уште пораз на Мундијалот.
На досегашните средби на Мундијалот, Франција има 5 победи и 1 реми, 22-22 против Словенија во групната фаза. Претходно славеа над Данска со 30:22, над Катар со 35:18, а над 30 голови дадоа и против Шведска, 31:28 и 36 со Египет, 36:30. Единствено помалку голови дадоа против Фарски Острови во осминафиналето, 28.
Еден од главните поединци во „триколорите“ е наследникот на Тјери Омејер, и има слично презиме, а се работи за голманот на Шамбери, Жулиен Мејер. Тој брани во поголемиот дел од натпреварите и досега го прави тоа со 38% успешност. Најдобра статистика има во делот на удари од линијата, значи македонските крила и пикери, ќе мораат да имаат широк репертоар на удари за да го совладаат.
Мечот меѓу Франција и Македонија се игра со почеток во 19:30 часот.


