Со победата над Бразил со 28:23, не само што обезбедивме место во осминафиналето на Мундијалот во Алжир, туку Македонија се најде и на второто место во групата Ц, зад Шпанија. Тоа значи дека противник во елиминациската фаза ќе ни биде третопласираниот тим во групата Д.
Таму моментално е уште еден јужноамерикански противник, Аргентина, но тие можат да бидат симнати на четвртото место, доколку домаќинот на Мундијалот, Алжир ја победи Саудиска Арабија во последниот натпревар од групната фаза.
Значи да резимираме, ги избегнуваме Хрватска и Исланд, кои би биле фаворити во однос на нашата репрезентација, а следниот противник ќе го дознаеме по 23 часот, кога ќе заврши дуелот што домаќинот ќе го одигра против Саудиска Арабија.


