Македонија „гази“ кон осминафиналето на СП: На полувреме водиме со три разлика против Бразил

Во послендиот натпревар од групата Ц на Светското младинско првенство Македонија само со победа може да се надева на висок пласман. Во директен дуел со Бразил младинците на Илија Темелковски ќе бараат осминафинална виза во Алжир.

По првото полувреме Македонија има предно од 14-11. Одлична одбрана, технички грешки и расположени бекови се причината за предност од три голови по првите 30 минути. Велковски и Талески ја предводат листата стрелци со 4 голови, додека Томовски собра 7 интервенции во првиот дел.

Натпреварот можете да го следите во продолжение.

https://www.youtube.com/watch?v=_ECQyz2Q3Mg