Заврши одморот за младинците: Песочните плажи ги заменија со тренинзи (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Младинската репрезентацијата на Македонија ја очекува настап на Мундијалот во Алжир. Избраниците на селекторот Илија Темелковски немаа голема пауза по напорната сезона, па дел од нив го искористија за краток одмор на некоја блиска дестинација, дел од нив имаа настапи за сениорскиот тим.

„Подготовките“ за жешкото време што ќе ги очекува на африканскиот континент, се одвиваа на грчките плажи, а дел од репрезентативците се релаксираа и на македонските. Погледнете каде одмораа Петровски, Димитриоски, Јагуриновски, Томовски, Палевски, Велковски, Кузмановски…

Дарио Петровски го посети островот Крф

Левото крило Давор Палевски се релаксираше на градските базени низ Македонија

Филип Кузмановски најпрво ја посети Турција, а потоа неколку дена помина и на грчките плажи

Голманот Мартин Томовски исто така го посети јужниот сосед и одмораше во Неа Врасна

Десниот бек Мартин Велковски го посети јужниот сосед и полнеше батерии во Ханиоти

Десното крило Томи Јагуриновски мамеше женски погледи во Неос Мармарас

Левото крило Димитар Димитриоски одмораше неколку дена во Струга