Унгарскиот и европски гигант Веспрем, има одлична пракса да ги носи во своите редови најголеми таленти од Балканот и од околните земји како Чешка и Словачка, а нивните квалитети најпрво ги тестира преку своите летни кампови.
Еден од најталентираните членови во младинскиот тим на Охрид, Мартин Ивановски е дел од кампот на унгарскиот шампион. Ивановски, кој во младинската екипа работи под палката на Наум Бабачев и игра на позициите лев и среден бек, веќе неколку денови тренира со останатите членови.
Македонецот ќе има шанса да покаже што знае и умее во дресот на Веспрем, на меѓународен турнир во Белград, кој започнува денеска. Своевремено, Кире Лазаров беше дел од унгарскиот тим и остави голем белег, а во новата сезона Дејан Манасков ќе го носи дресот на Веспрем.
Извор: ohridnews.com


