Младинската машка репрезентација на Македонија веќе ги започна подготовките за претстојниот настап на Мундијалот во Алжир кон средината на јули. Селекторотот Илија Темелковски ги нема на располагање сите ракометари, бидејќи дел од нив имаат обврски кон сениорската репрезентација, но на крајот на јуни, комплетни ќе заминат за Маврово за главните подготовки.
ИХФ го објави распоредот за дуелите во групната фаза. Противници на Македонија се Русија, Шпанија, Тунис, Буркина Фасо и Бразил, а „црвено-жолтите“ првиот дуел го играат на 18 јули против „зборнаја“, а последниот против противникот од јужноамериканскиот континент.
Распоред на натпревари, Група Ц
1 коло, 18.07.2017
15:00 Македонија – Русија
2 коло, 20.07.2017
21:00 Буркина Фасо – Македонија
3 коло, 21.07.2017
19:00 Тунис – Македонија
4 коло, 23.07.2017
19:00 Македонија – Шпанија
5 коло, 24.07.2017
19:00 Македонија – Бразил


