Младинците започнуваат со мисијата „Алжир“

Селекторот на машката младинска репрезентација на Македонија, Илија Темелковски, повика 16 ракометари на првиот собир од подготовките за Светското младинско првенство што во втората половина на јули ќе се игра во Алжир.

Поради настапот на сениорите во квалификациите за ЕП 2018, неколкумина првотимци од младинската селекција не се наоѓаат на списокот (Талески, Нелоски, Кузмановски, Велковски), но Темелковски во оваа прва фаза ќе работи со сите останати ракометари, додека останатите ќе се приклучат директно во втората фаза од подготовките што ќе се одвива во Маврово.

Список на ракометари: Никола Даниловски, Димитар Димитриоски, Давор Палевски, Мице Шилегов, Томислав Јагуриновски, Филип Арсеновски, Милан Лазаревски, Дејан Кукуловски, Горан Крстевски, Марио Танкоски, Стефан Трпчевски, Дарио Петровски, Михаил Аларов, Иван Џонов, Мартин Серафимов, Марко Кизиќ.

Младинската машка репрезентација на Македонија, на СП во Алжир што ќе се игра од 18 до 30 јули 2017 година, ќе настапи во групата Ц каде ќе се сретне со Шпанија, Тунис, Бразил, Русија и Буркина Фасо.

Првиот собир ќе се одржи на 10 јуни (сабота) со почеток од 10:00 часот во салата „Македонско Сонце“ во Скопје.