Со натпреварот Бекешчаба – Фехервар се комплетираше второто коло во унгарското најквалитетно првенство. Уште на самиот старт на натпреварувањето имаше изненадувања, а тимот од Бекешчаба докажа дека улогата на вистински аутсајдер е само на хартија. Во интересен меч, просечниот тим на Бекешчаба го совлада амбициозниот тим на Фехервар засилен со интернационалки од Србија, Хрватска и Јапонија. Од почетокот па се до крајот на натпреварот, Бекешчаба одржуваше водство од два до три голови, за на крај да слави победа со два разлика 24 : 22 ( 14 – 12), и да ја запише својата прва победа во новата сезона.
Домашниот состав беше предводен од Тимеа Соги која беше најефикасна со пет голови, додека кај Фехервар најефикасна беше Тамара Тилингер со седум постигнати голови.
Со натпреварот ФТЦ – Мошонмаѓаровар започна третото коло кое ќе се игра до недела. ФТЦ немаше никакви проблеми со Мошонмаѓаровар и славеше убедлива победа со резултат 22 : 35 ( 11 – 16) за составот од Будимпешта. Кај ФТЦ најдобри поединки беа Зита Сузански и Викторија Лукас со шест голови. Во поразениот табор одлична партија одигра Сандра Филиповиќ која постигна седум голови во мрежата на нејзината сонародничка Катарина Томашевиќ.


