Унгарското домашно првенство во женска конкуренција станува се поинтересно. По Мошонмаѓаровар, изненадување приреди тимот на Шиофок кoj на домашен терен пред своја публика го совлада Ерд со 24: 23 ( 14 – 12).
Орбан Анамарија беше најефикасна во составот на Шиофок со пет голови, кај Ерд Кливини Кинга беше незадржлива со осум постигнати голови. Во некомплетираното второ коло Шиофок е единствената домашна екипа која оствари победа, на останатите натпревари бодовите ги однесоа гостинските тимови. Ѓер на гостински терен во Будимпешта беше убедлив против МТК со резултат 22 : 31 ( 11 – 17). Актулниот шампион беше предводен од Сузан Милер со седум голови, по пет голови постигнаа Едуарда Аморим и Хејде Локе. Во составот на МТК Будимпешта најефикасна беше Барна Ева со седум голови.
Тимот на Мошонмаѓаровар не успеа да го направи второто изненадување, откако во првото коло славеше победа против Вац, во второто коло доживеа минимален пораз од Дунајварош со резултат 21 : 22 ( 12 – 16).
Во дерби натпреварот помеѓу Дебрецен и Вац, бодовите од Дебрецен ги однесе гостинската екипа Вац која триумфираше со 18 : 19 ( 6 – 11). Расположени во победничкиот тим беа Марија Штериова и Вероника Фаркаш со шест голови, во поразениот состав Кудор ја предводеше листата на стрелците со шест голови.
Во наредните денови ќе се одиграат останатите натпревари од второто коло.


