Македонскиот ракометен шампион Металург информираше дека официјалната продажба на билетите за престојната сезона во ЛШ ќе започне на 17.09.2014 година (среда). Една недела порано, од 10 до 13 септември (среда-сабота) сите оние љубители на ракометот кои минатата сезона имале блок карти ќе можат да ги обноват и да ги задржат истите места.
–10.09 до 13.09.2014 ( обнова на блок билетите, и задржување на истите места од минатата година)
–17.09.2014 ( Започнува официјалната продажба на билетите за сезоната 2014/15 во Лигата на шампионите)
Цени на билетите:
– 1 категорија (блок Б5 и Б11)…950 денари
– 2 категорија (блок Б2,Б4, М7, М8 и М9)……1350 денари
– 3 категорија (блок М1, М15, Б3, Б12, Б4)……1500 денари
– 4 категорија (блок М2, М3, М4, М12, М13, и М14)….2000 денари
Првиот натпревар “плаво-белите” го играат на 29 септември во Скопје против екипата на ПСЖ.


