ФОТО НА ДЕНОТ: Иде Вардар, пази се Европо!

Ракометарите на Вардар се пласираа на Ф4 во Келн! По елиминациите од Фленсбург пред три сезони, потоа и од Киелце и Веспрем, македонскиот шампион ќе игра за првпат во Келн. До максимум исполнетите трибини во СЦ „Јане Сандански“, им дадоа ветар во грб на „црвено-црните“ и уште од стартот се почувствува кој тим ќе го гледаме на Ф4. Избраниците на Раул одиграа уште еден врвен натпревар и на крај славеа над Фленсбург со 35:27…