Пред стартот на новата сезона на руското првенство кој е закажан за 10 септември, за првпат во историјата на рускиот ракомет се одигра првиот натпревар од суперкупот во кој силите ги одмерија шампионот Динамо и победникот на купот Звезда.
Звезда уште од самиот старт го најави победникот бидејќи благодарение на добрата игра екипата од Звенингород замина на полувреме со 6 погодоци разлика 18:12 и до крајот само ја одржуваше разликата за финални 32:27.
Најдобри играчи на средбата беа голманот на Звезда – Марија Сидорова додека пак во составот на Динамо талентираната Дарја Дмитирева го доби ова признание.
Ирина Антнова беше прогласена за најдобар пикер а нејзиниот соиграч Јана Ускова најдобро десно крило.


