Со своја изјава за утрешниот дерби натпревар од СЕХА лигата против екипата на Вардар, излезе и тренерот на Металург, Лино Червар кој смета дека овој натпревар ќе биде добра проверка за неговиот тим пред настапите во Лигата на шампионите. Воедно Червар и покрај победата на турнирот во Струга, го посочи Вардар како фаворит во престојната сезона:
Ова ќе биде натпревар како и секој друг. Но, ќе биде интересен и убав предизвик и за екипите и за публиката. Вардар е тим за кој треба убаво да се зборува. Без разлика што го совладавме во Струга, тој е во улога на фаворит оваа сезона.
За нас овој натпревар ќе биде добра проверка пред настапите во Лигата на шампионите, како за поискусните играчи, така и за помладите, кои ќе имаат уште една можност да се пробаат против силен противник. Ќе направиме добра комбинација и сите ќе имаат корист од оваа средба
-вели хрватскиот стратег.


