Во средата започна унгарската супер лига во женска конкуренција. Актуелниот шампион Ѓер пред своите фанови имаше лесна задача против Бекешчаба и оствари убедлива победа со резултат 35 : 17 (16 – 8). Противниците на ЖРК Вардар и ЖРК Металург во европските натпреварувања, Дунајварош и Шиофок се пресметаа во првото коло. Во драматичен натпревар подобри беа ракометарките на Шиофок со еден разлика 24 : 25 ( 13 – 13) во нивна корист.
Во Будимпешта во првото коло од новата сезона се пресметаа двете локални екипи, ФТЦ и МТК. Екипата на ФТЦ во првите 20 минути од натпреварот се соочи со силен отпор од спротивниот табор, но во останатиот дел од натпреварот доминираше на теренот и заслужено победи со резултат 33 : 28 ( 18 – 12). Најубедлива победа оствари Ерд против новиот суперлигаш Сегед. Ракометарките на Ерд го демолираа Сегед со високи 39 : 17 ( 17 – 9). Првото изненадување го направи Мошонмаѓаровар каде на гостински терен ја совлада екипата на Вац со 21: 22 ( 10 – 11) за составот на Мошонмаѓаровар. Нашата интернационалка Марија Штериова беше стрелец на четири голови во дресот на Вац. Фехервар на домашен терен го доби натпреварот против Дебрецен со 23 : 20 (12-12).Резултати од првото коло

Ѓер Ауди ЕТО – Бекешчаба 35 : 17 ( 16 – 8)
ФТЦ Будимпешта – МТК Будимпешта 33 : 28 ( 18 – 12)
Вац – Мошонмаѓаровар 21 : 22 ( 10 – 11 )
Дунајварош – Шиофок 24 : 25 ( 13 – 13 )
Ерд – Сегед 39 : 17 ( 17 – 9)
Фехервар – Дебрецен 23 : 20 ( 12 – 12)