Шведската репрезентативка Изабел Гулден, го продолжи договорот со европскиот првак ЧСМ Букурешт за уште две сезони. Таа пристигна во романската престолнина во летото 2015 година и уште првата година ја освои европската титула со ЧСМ, како домашните титули во шампионатот, Купот и Супер Купот. 27-годишната ракометарка ја продолжи одличната форма и оваа сезона, иако на тимот на му оди баш најдобро.
„Решив да останам во ЧСМ и во следните две години бидејќи навистина ми се допаѓа тука. Дојдов од Виборг со цел да освојувам титули, а тоа го направив уште во првата сезона и сега сакам повеќе. Фановите се неверојатни.“ – изјави Гулден.
Пред да дојде во ЧСМ Букурешт, Гулден беше дел од данскиот Виборг и шведскиот Савехоф.


