ЧСМ Букурешт се ближи кон врвот: Георгиевски и Шундовски со победа над Турда

Тимот на ЧСМ Букурешт, предводен од клупата од Звонко Шундовски, а на теренот од Гоце Георгиевски славеше со 30:24 над незгодниот тим на Турда и по лошиот старт на сезоната сега е на второто место на табелата со шанси за добра стартна позиција пред плеј-офот.

Репрезентативното десно крило игра во одлична форма и беше втор стрелец против Турда со 4 постигнати голови од 5 обиди. Следниот викенд ЧСМ Букурешт ќе игра дома против Одорхеи во „македонскиот“ дуел во Романија.