Втората екипа ЖРК Вардар продолжува со одлчичните резултати во подготвителниот период. Тимот предводен од Симе Симовски беше дел од ракометниот турнир во Кикинда. Претходно младите Вардарки имаа и неколку тест натпревари во Аранѓеловац. Во Кикинда, ЖРК Вардар забележа три победи и еден пораз. Во првиот натпревар беше поразен минимално од домашната екипа Кикинда со резултат 27:26 (12 – 11). Во вториот и третиот контролен натпревар “црвено-црните” беа убедливи против екипите на Петроварадин со 31-17 (18-11) и Пролетер 39-29 (21-11). Турнирот во Кикинда вардарки го завршија со победа против екипата на Врбас со 20-17 (13-10).
За екипата на ЖРК Вардар на овој турнир не настапија Теодора Керамитчиева, Ивана Маневска, Клаудија Георгиевска и Николина Бојаџиска.


