Тимот на Мерксем, за кој настапува македонскиот интернационалец Лазар Попов загуби на домашен терен од холандскиот Алсмер со 21:27, во натпревар од 18 коло во регионалната БЕНЕ Лига, каде настапуваат екипи од Белгија и Холандија.
Поранешниот член на ВВ Тиквеш, Пелистер, Металопластика, Беране, како и на уште неколку холандски и белгиски екипи, постигна 1 гол на овој дуел. Следен натпревар за Мерксем ќе биде гостувањето кај Сасја.


