Акамбре го менува ПСЖ за Веспрем

Левиот бек на ПСЖ и на француската репрезентација, Вилијам Акамбре, на лето би можел да му се приклучи на унгарскиот шампион Веспрем. Унгарците се заинтересирани за 28-годишниот играч, кој би требало да ја дели минутажата со Момир Илиќ и со Иван Слишковиќ.

Акамбре имаше големи проблеми со повредите, па никогаш не блесна во полн сјај во францускиот првак. Но се очекува во Веспрем да добие поголема минутажа и да ја врати старата форма. Пред ПСЖ, Акамбре беше член и на Монпелје.

Фото: sport365.fr