Темелковски: Во соблекувална на полувреме им кажав само три збора!

Младинската ракометна репрезентација на Македонија со високиот триумф над репрезентацијата на Турција, обезбеди пласман на Светското младинско првенство во Алжир. По победата над Полска и ремито со Португалија беше јасно дека за виза за мундијалот во Алжир ќе биде потребна голема победа во последниот дуел. Турција падна на -20, натпреварот заврши со резултат 39-19 за голема радост и славје. Македонија е на третиот светски шампионат за ракометари до 21 година, а кои биле советите за оваа голема победа и успех откри селекторот Илија Темелковски.

Илија Темелковски, селектор на младинска репрезентација:

Само три збора им кажав на момците во соблекувална. Верувајте во себе! Овој резултат што ни е потребен може да се стигне, имате квалитет. Немојте да мислите на разликата, мислете на одбрана, затоа што само преку одбрана се прави разлика. Немојте да мислите како да дадам гол, туку како да се одбранам, а за другото ќе се укажат шанси. Мислам дека донекаде пресудно беше што цел натпревар го игравме седум на шест.

Напаѓавме со седум ракометари бидејќи ни требаа голови, но ни требаше и одбрана. Добро одигравме во тој сегмент иако имаше некои грешки, сепак тоа е ракомет, мора да има. Им честитам на моите ракометари, бидејќи она што го имаа малку од снага, го потрошија и јас сметам дека оваа генерација ќе се докаже со еден добар пласман на Светското првенство. Ни недостигаат некои играчи како Кузмановски, повредени беа Јагуриновски и Крстевски, ќе ја зголемиме конкуренцијата со нови играчи и ќе направиме сè за да имаме добар пласман на тоа СП.