Младинската репрезентација успешно го стартуваше патот до Мундијалот во Алжир. Со висока победа од 30:22 над фаворизираната селекција на Полска, избраниците на Иле Темелковски се чекор поблиску до посакуваната цел. Најдобар поединец на дуелот против Полска беше десното крило на Металург 2, Мице Шилегов, кој беше прецизен 8 пати, а постигна и еден атрактивен гол.
„Одигравме одлично, колективно и се надевам дека исто ќе се покажеме и на утрешниот натпревар против Португалија. Бевме феноменални во одбрана која си го направи своето и Полјаците едноставно не можеа да се пробијат. Цепелинот не беше мајсторија, туку чиста случајност.“ – изјави Шилегов.


