Селекторот на шпанската ракометна репрезентација, Жорди Рибера го скрати списокот на играчи за Светското првенство во Франција. Отпаднаа Карлос Молина и Хоан Ледо и со последните 17 ракометари меѓу кои се вардарците Канелјас и Душебаев ќе ги заврши подготовките за мундијалот во Франција.
Третиот голман Хоан Ледо ќе чека некоја наредна прилика да ги докаже своите можности, секако доколку не заработи повреда некој од двајцата чувари на мрежата, Перез де Варгас и Коралес, кои ќе го бранат голот на Шпанија.
Исто така отпадна и левиот бек Карлос Молина, а селекторот дополнително ќе се одлучи за последното место меѓу 16-те кои ќе настапат на мундијалот. За резервниот играч на трибините во Франција ќе се одлучува меѓу Адриа Фигуерес, Алехандро Кастоја и Иосу Гоњи.
На 3-ти јануари Шпанија ќе се собере во Ирун, а од 6-8 јануари ќе го одигра традиционалниот турнир овојпат против Полска, Аргентина и Катар.
Селекторот Рибера се одлучи за овие 17 ракометари:
Голмани: Гонзало Перез де Варгас (Барселона), Родриго Коралес (Плоцк)
Леви крила : Ангел Фернандез (Ла Риоха), Валеро Ривера (Барселона)
Леви бекови : Жоан Канелјас (Вардар), Иосу Гони Леоз (Аикс-ен-Прованс), Алехандро Костоја (Адемар Леон)
Централни бекови : Раул Ентрериос (Барселона), Дани Сармиенто (Ст. Рафаел)
Десни бекови : Алекс Душебаев (Вардар), Едуардо Гурбиндо (Нант)
Десни крила: Виктор Томас (Барселона), Давид Балагуер (Нант)
Пивоти : Хулен Агинагалде (Киелце), Гедеон Гвардиола (Рајн Некар Ловен), Адриа Фигуерас (Гранолерс), Виран Морос (Барселона).
Шпанија ќе го започне светското првенство од групата Б во Мец, каде покрај Македонија ќе се сретне со Словенија, Исланд, Тунис и Ангола. На 18 јануари во Мец во рамките на четвртото коло ќе се сретне со македонската репрезентација. Натпреварот започнува од 20:45 минути.


