Босанците во беспарица: Селекторот Шуман го плаќа патот до Скопје

Македонија ќе одигра три контролни натпревари против Босна и Херцеговина, како дел од подготовките за Светското првенство во Франција. Босанците секогаш биле незгоден противник за Македонија, па макар играле и без најдобрите ракометари. Со новиот селектор Билал Шуман има неуспешен старт на квалификациите за Европското Првенство во Хрватска, но не ги напушта надежта дека ќе обезбедат пласман на континенталниот шампионат. Во служба на следните квалификациски дуели, Босанците ќе се тестираат со македонската селекција. Сега немаат кадровски, но имаа финансиски проблеми.

„Најобична папирологија ни прави проблем. Не можам да  верувам дека тоа не може да се реши на брз и ефикасен начин. Исто така не ми е јасно дека луѓето не можат да најдат пари од август оваа година. Ја сум селектор. Не сум тој што треба да бара пари, но ќе ви кажам дека со мои „врски“, пријателската турнеја, ќе биде бесплатна. Поточно, од свој џеб ќе го платам патот до Скопје.“ – изјави Шуман за босанските медиуми.

Македонија и Босна и Херцеговина ќе одиграат три пријателски натпревари, од кои само еден ќе биде од отворен тип за јавноста.