Никола Митревски на скратениот список на Червар за вториот дел од подготовките

Поради настапот на младинците Филип Талески, Мартин Велковски и Марко Нелоски на квалификациите за СП во истиот период во кој сениорите ќе ги играат и пријателските средби против Босна и Херцеговина, Червар се одлучи за 21 ракометар. Како што веќе најави дека доколку не биде задоволен од формата на голманите кои добија доверба во првиот избор, ќе го повика и чуварот на мрежата на португалска Бенфика така и направи. Дополнително, за подготовките во Скопје, Червар го повика голманот Никола Митревски. Со кого македонската репрезентација ќе ги продолжат тренинзите и ќе ги одигра подготвителните натпревари против БИХ.

Вториот дел од подготовките започнува во понеделник (02.01.2017), а трите натпревари против Босна и Херцеговина ќе се играат на 03, 04 и 05.01.2017. Првиот пријателски меч ќе се одигра во СРЦ „Кале“ и ќе биде отворен за посетители, додека останатите два натпревари ќе бидат од затворен карактер.