Холандија запиша нова историја во женскиот ракомет со победата над Данска 26-22 и пласманот во финалето на Европското првенство. Предводени од Хеле Томсен, ракометарките на Холандија по изедначениот резултат во првиот дел, одиграа одлично во вториот дел и тоа им донесе победа над составот на Клаус Јоргенсен.
По натпреварот, Ивет Брох за 24Ракомет истакна дека нивната одбрана била клучна за денешната победа.
Брош: „Се чувствувам одлично и многу сум среќна бидејќи заслуживме да победиме затоа што бевме подобар противник во ова полуфинале. Во вториот дел нашата одбрана беше на ниво и таа беше клучна за нашата победа. Секако голема предност за нашата репрезентација е Хеле Томсен која одлично ги познава данските ракометарки. Иако имавме многу тешки натпревари во текот на првенството, не сме уморни и физички стоиме добро.“
Од Гетеборг,
Амина Идризи
Петар Шимлеша
Фото: Uros Hocevar/EHF


