Суперлигашот Охрид очигледно има амбиции да биде конкурентен во престојната сезона во македонската ракометна лига.
По ангажирањето на голманот Кирил Колев кој дојде од Зомимак, десното крилото Петар Николиќ(Куманово и РК Пролет), средниот бек Горан Печенковски кој дојде од Преспа Ресен, четврто засилување за РК Охрид е пивотменот Даниел Трајчески кој пристигна од екипата на Куманово.
Екипата на РК Охрид го зголеми својот буџет за престојната сезона, и со ангажирањето на овие ракометари покажува дека ќе биде сериозен конкурент во македонската ракометна суперлига, и ќе се бори за што повисок пласман во новата сезона.


