Македонскиот вицешампион, ЖРК Металург се засили со нова ракометарка. По ангажирањето на Маја Ивановска, во екипата од Автокоманда пристигна второто засилување за новата сезона, Викторија Пеовска. 22 годишната ракометарка која игра на позиција лев бек освен за ЖРК Куманово, има настапувано и за екипата на ЖРК Вардар СЦБТ. Договорот на Пеовска и ЖРК Металург е за две години.
За клубскиот сајт на ЖРК Металург, Пеовска изјави:
“Со задоволство потпишав за клуб кој е расадник на млади таленти и во кој настапуваат голем број кадетски, младински и сениорски репрезентативки на нашата земја. Се надевам дека ќе ги исполнам очекувањата на клубот и дека ќе се изборам за место во составот на екипата“



