Георгиевски и ЧСМ Букурешт во победничка серија

Откако беа елиминирани од Купот на ЕХФ, ракометарите на ЧСМ Букурешт предводени од клупата од Звонко Шундовски, а на теренот од Гоце Георгиевски, забележаа четири победи по ред во романскиот шампионат.

Во дуелот од 12 коло, ЧСМ победи на гости кај Сучеава со 29:25, а десното крило на македонската репрезентација постигна 6 голови од 7 обиди и беше втор стрелец во неговиот тим. Следениот дуел за ЧСМ е на домашен терен против лдиерот Доброгеа Констанца.