Душебаев: Ја преземам одговорноста за поразот

Репрезентацијата на Србија замолкна повеќе од 10.ооо гледачи во Гданск, откако славеше над Полска со 37:32, во првото коло од квалификациите за пласман на ЕП во Хрватска за две години. Камбекот на селекторот Цветковиќ на клупата, како и на Марковиќ, Стојковиќ и Милиќ на теренот, очигледно добро влијаеше на атмосферата во националниот тим, па полскиот селектор Талант Душебаев мораше да ги признае поразот.

„Им честитам на репрезентативците на Србија за победата. Од самиот старт тие го контролираа мечот и заслужено славеа. Ја преземам одговорноста за поразот, затоа што ментално е ги подготвив моите репрезентативци. Србите одиграа одлично во одбрана и контранапад, и за нас беше тешко да ги бркаме. Мораме многу подобро против Романија на претстојниот дуел.“ – изјави Душебаев.