Во највозбудливиот меч досега на овој турнир, екипата на Санкт Петербург ја совлада екипата на Азоти Пулави со резултат 33-29 и го освои третото место на интернационалниот струшки турнир 2014.
Почетокот на мечот навестуваше неизвесен натпревар, екипата на Азоти прва направи три голови разлика, Азоти возврати, но двата гола на Матеус Кус ја одведоа екипата на Пулави на четири голови предност 9-5. Улогите набргу се променија, па во 20-тата минута со промашениот пенал и обид од девет метри на полјаците, екипата на Торгованов прво изедначи на 11-11, а една минута подоцна и поведе со 11-12. До крајот на првиот дел, Санкт Петербург само ја зголеми разликата на 16-13, со погодокот на Насиров со звукот на сирената.
Вториот дел започна со мини-серија за Пулави кои до 9-та минута намалија на 16-15, но тоа беше се што полјаците направија во вториот дел. Во 39-тата минута после тајм аутот на Азоти, русите со одлична игра направија серија за пет погодоци предност 22-17 која на крај се покажа како клучна за победата на Санк Петербург со 33-29 за крај на натпреварот и надежите на Пулави. Најдобар поединец во екипата на Петерсбург беше Глеб Калараш со 6 погодоци, кај поразените пак Јан Собол погоди 5 пати.


